Рускиот претседател Владимир Путин потпиша пакет на закони со кои се амнестираат руските бизнисмени кои претходно направиле легални грешки кон руската федерација. Според законот кој влегува во сила веднаш, сите Руси кои ќе го пријават својот капитал најдоцна до 28 февруари 2019 година ќе бидат изземени од одговорност за начинот на кои истиот го стекнале во странство. Овој закон има за цел да го мобилизира капиталот кој заради режимот на Путин е дислоциран надвор од земјата, и е проценат на околу 2 трилиони долари.

Законот беше детално објаснат од заменик министерот Игор Шувалов. Тој вели дека ова е одлична можност за руските бизнисмени да се вратат во својата земја, почитувајќи ги законите се разбира.Ова е втората фаза од проектот наречен capital amnesty, кој почна во март 2017 година. Путин изјави дека мерките на овој проект ќе помогнат во функција на зајакнување на бизнис климата во Русија.