Save-MoneyПовеќе од кога било се обидувате да најдете начин да заштедите или колку што е можно да ги намалите непотребните трошоци. Се разбира, повеќето од вас, кога ќе одлучат да почнат да штедат, прво ги намалуваат основните трошоци, како што се струја, вода … Исто така, се почесто се оди на пазарење со точно напишан список на потребни работи. Многумина кои сакаат да го намалат буџетот за трошење, се откажуваат на некои од омилените навики, како одењето во кино или пушењето. Економистите и психолозите за Business Insider Psi нагласуваат дека сето тоа е одлично, но и понатаму губиме пари на некои основни работи за кои не сме свесни.
Ви пренесуваме неколку вообичаени работи кои упорно ги правите, а за тоа да не сте ни свесни, односно губите пари. И совети за тоа како да се избегнат вообичаените стапици за да го доведете буџетот во нормала.

 1. Несвесно се откажувате од штедењето
Често штедите на една страна, а од друга потполно несвесно го трошите тоа што сте го заштедиле. На пример, возењето автомобил денес е голем трошок и поради тоа многумина се одлучуваат некое време да одат на работа со велосипед. Одлична одлука за буџетот и за здравјето на луѓето. Меѓутоа, кога враќајќи се дома навратувате во вашата омилена продавница или застанувате за кафе, на тој начин парите што ги заштедивте на бензин ги трошите на друго место. Ако сте свесни за тоа и доколку тоа ве радува – уживајте. Но, немојте да се залажувате дека штедите, бидејќи тоа е далеку од вистината.

2. Се фокусирате повеќе на заштедата отколку на потрошувачката
Човечката психа е навистина необична, а тоа најдобро го знаат продавачите. На секого му се има случено многу пати да купи нешто само затоа што тоа е на намаление или поради тоа што на производот пишува дека е во акција. И сте убедени дека сте направиле добра работа.
Но, дали е навистина така? Не. На пример, во бутик кога купувате облека која е на попуст го гледате само износот што ќе го заштедите, а не и колку ќе го платите. Доколку маица чини 2000 денари, а на попуст е 1200 денари, ќе се фокусирате само на фактот дека сте заштедиле 800 денари, а не на тоа дека трошите 1200 денари.

3.  Потешко го поднесувате губитокот отколку што се радувате на добивката
Бројни студии покажале дека интензитетот на непријатности поради загуба се значително посилни од интензитетот на радост за добивка. На пример, доколку изгубите 500 евра, ќе бидете повеќе несреќни отколку да ги добиете тие пари. Загубата кај повеќето луѓе предизвикува повеќе негативни отколку што добивката предизвикува позитивни чувства. Така што повеќето луѓе се многу загрижени кога се појавува можност дека нешто би можеле да загубат.
На пример, доколку човек има два пакети на акции, од кои едниот расте а другиот е во опаѓање, често под влијание на стравот од губење премногу рано се одлучуваат да ги продадат акциите кои растат, а премногу долго да ги задржат оние кои паѓаат. Причините за ова треба да се бара во размислувањето дека тешко се поднесува загуба, со надеж дека цената на акциите кои паѓаа со тек на време ќе се зголеми, а доколку ги продадете оние кои имаат добра цена, барем нешто ќе заработите. Меѓутоа, во вакви случаи, често на крајот останувате само со лошите акции.

4. Не размислувате за потенцијалните ризици
Дали верувате дека парите во банка се безбедни и не ја губат својата вредност? Тоа е погрешно – барем така кажуваат експертите. Всушност, размислувате за можните инвестициските ризици, а не на потенцијалната девалвација или инфлација на вашите пари. Без разлика дали се во вашиот џеб или во банка, тие ќе ја губат својата вредност.

5. Не размислувате долгорочно
Често го направите ова, а причината за тоа е што не знаете да кажете не, или само се препуштате на инерцијата. На пример, се запишувате на часови за учење на странски јазик, танц или фитнес. По два часа вие станувате свесни дека сте се залетале и дека тоа не е правата работа што сте ја сакале. Што понатаму?
Со оглед на тоа што веќе сте палатиле одлучувате да ги завршите часовите. Тоа е најлошото решение – трошите пари за секое одење и време и вие сте многу несреќни. Се обидувате да ги вратите парите, се разбира, во повеќето случаи, тоа е невозможно. Но, немојте да се залажувате дека е подобро и понатаму да одите на часови отколку да ги прекинете. Не го заборавајте трошокот за пат и времето кое го поминувате некаде каде што не се среќни. Понекогаш е подобро да се откажете, отколку по инерција да употребувате или одите на нешто што не ви се допаѓа.