Веројатно сте се запрашале што доколку не ги искористите сите денови од платениот одмор. Дали работодавачот треба да ги исплати деновите коишто ви останале.

Платформата „мој труд, мои права“ одговара на ова прашање:

Работникот има право на паричен надоместок за неискористените денови од годишниот одмор само доколку тој го побарал, а не му било овозможено да го користи. Со исплатата на паричниот надоместок по основ на неискористени денови од годишен одмор, се смета дека работникот целосно го искористил годишниот одмор.