Во рамки на доделување на наградите за најдобри светски банки за 2018 година, Глобал Фајнанс ја прогласи Raiffeisen Bank International AG (RBI) за „Најдобра банка во централна и источна Европа“. Реномираниот финансиски магазин престижната награда на оваа банка и ја доделува веќе 12-ти пат во последните 15 години.

„Титулата ‘Најдобра банка во централна и источна Европа’ претставува чест, но и обврска и понатаму да настојуваме да остваруваме квалитет и да нудиме првокласни услуги и производи во регионот“, изјави претседателот на Управата на RBI Јохан Штробл„Таа награда воедно е резултат на нашата добра стратешка позиција и успешност.“

Комплетниот извештај околу изборот ќе биде објавен во мајското издание на магазинот Глобал Фајнанс, заедно со имињата на победниците во речиси 150 земји од Африка, Азија, Блискиот Исток, Латинска Америка, Северна Америка, потоа средна, источна и западна Европа.