Растот на бруто- домашниот производ во третиот квартал изнесува 3 проценти, објави Државниот Завод за Статистика. Надлежните со оценка, ова го испорача реалната економија, активирањето на големите градежни проекти треба да донесе повисоки стапки.

Три проценти раст на бруто-домашниот производ во третиот квартал годинава, објави Државниот завод за статистика. Извозот расте побрзо од увозот, има позитива кај финалната потрошувачка, но пад од 8,5 проценти кај бруто- инвестициите, потоа кај земјоделството и градежништвото.

Во Владата оптимизам дека ќе се исполнат бројките од проекцијата за раст на БДП од 2,8 насто. Се очекува поголем придонес од градежништвото, бидејќи започнатите крупни проекти се откочени.

Од Бизнис- заедницата велат дека евидентен е растот на индустриското производство и покрај стагнацијата во градежништвото. Светска банка која предвидува раст од 2,5 отсто, оценува дека инвестициите полека, но сигурно се враќаат во земјата.

Светската банка и Фондот за иновации со 2,5 милиони евра ќе поддржат 10 компании за спроведување проекти за технолошка екстензија. Договорите се потпишани, а со парите треба да се поттикне индустрискиот развој на земјава.