На азиските берзи во понеделникот цените на акциите пораснаа, но обемот на тргувањето е значително помал од вообичаено, бидејќи во неколку земји во регионот денеска не се работи.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските, по 7 часот беше во плус од 0,5 отсто. Притоа на Токиската берза индексот Nikkei зајакна за 1,1 отсто, а за повеќе од 1 отсто пораснаа и цените на акциите во Австралија. Во Јужна Кореја и на кинеските берзи денеска поради празник не се работи.

Азиските берзи ги охрабри растот на цените на акциите на њујоршки Волстрит во петокот, трет ден со ред, иако е сосема јасно дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе продолжи да ги крева каматните стапки за да ја сузбие инфлацијата.

Во фокусот на вложувачите оваа седмица ќе биде извештајот за потрошувачките цени во САД, кој ќе биде објавен во вторник и кој ќе покаже колку во август попуштиле инфлаторните притисоци, имајќи предвид дека во тој месец паднаа цените на горивата. Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека инфлацијата во август се лизнала на 8,1 отсто на годишно ниво, од 8,5 отсто во претходниот месец.

На токиската берза позитивно влијаеше и веста за попуштање на ограничувањата за патувањата воведени своевремено со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот,

 

А на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути продолжи да паѓа, откако минатата седмица падна првпат по трите седмици раст.

Индексот на доларот, која ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути утрово се движи околу 108,82 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 108,96 поени.

Притоа курсот на доларот кон јапонската валута порасна од 142,50 на 1432,75 јени.

Но американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0085 долари, додека во петокот вечерта изнесуваше 1,0045 долари.

Одлепувањето на еврото од најниското ниво во 20 години следеше откако во четвртокот Европската централна банка (ECB) ги зголеми клучните каматни стапки за агресивните 0,75 процентни поени.

Цените на нафтата, пак, паднаа по силниот скок во петокот. Утрово цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 1,3 долари, на 91,55 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1,28 долари, на 85,50 долари.