Последните податоци на Државната статистика покажаа дека градежниот сектор во првото тримесечје забележал раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период лани.
Градежништвото и натаму е еден од најсилните двигатели на домашната економија. Последните податоци на Државната статистика покажаа дека градежниот сектор во првото тримесечје забележал раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период лани.
Според вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, особено охрабрува фактот што кај нискоградбата има двоцифрен раст од над 20 индексни поени, бидејќи овој сегмент ги опфаќа инвестициите во изградба на автопатишта, експресни патишта, регионални и локални патишта, како и на железницата, што носи дополнителна вредност за економијата.