Речиси  40 денари достигна цената на авто плинот. За само неклку месеци износот  за литар е зголемен повеќе од 10  денари. Граѓаните велат дека годинава во споредба со лани за истите пари можат да стават речиси половина помалку плин во автомобилот. Такси превозниците кои најчесто го користат,  се жалат дека цената е сериозно висока и ако продолжи да расте има најаваи дека некој ќе го затворат бизнисот.

Според експертите цената на авто плинот во моментов е речиси иста како на бензините без пресметана акциза. Причината за ваквот скок ја гледаат во растот на цената на нафтата на берзите.

Во минатото цената на плинот изнесуваше 25 до 30 денари. Поради исплатливоста,  но и за  намалување на загаденоста  се воведе  субвенција за вградување на плински уред во автомобилите. Годинава за ваквата емрка биле искорстени 11 милиони денари за  плински уред во околу 700 возила.

Според Чаушевски во идина најверојатно ќе продолжи  да расте и  цената на нафтата  и на гасот и на  струјата, главно затоа што по олабавување на пандемијата, побарувачката се зголеми , а капацитетите не можат да ја  целосно да ја покријат.