swiss francs, money and currency of switzerland

Решавањето на ситуацијата со Грција најмногу ќе влијае на швајцарскиот франк, смета John Hardy од Saxo банка. “За очекување е значителна продажба на франци доколку разговорите се движат кон договор, кој ќе донесе јасна долгорочна слика за Грција и нејзиниот статус во ЕУ, пред клучниот датумот на крајот на јуни, кога на Грција и доспева исплатата кон ММФ”, изјави Hardy.

Раководителот за форекс стратегија во Saxo банка смета дека Грција ќе има силно влијание на швајцарскиот франк. “Ако нема договор или дојде до потег за половично или целосно повлекување од ЕУ, влијанието врз швајцарскиот франк, европските акции и обврзници, па и на глобалниот пазар ќе биде уште по значајно”.

Движењето на глобалниот валутен пазар ќе биде уште повеќе одбележан од очекуваните потези на ФЕД  во однос на зголемувањето на каматните стапки, без оглед на извештајот од минатата недела за новите вработувања во САД  во мај. Сегашниот пазарен консензус е во претпоставка дека во наредните 12 месеци првото подигнување на каматните стапки ќе се случи во септември или на крајот на годината за околу 25 базични поени, а потоа уште еднаш или двапати до јуни следната година.

Меѓутоа, во случај ФЕД да мора да реагира побрзо отколку што се очекува, особено доколку се забрза растот на платите во САД во текот на следните неколку месеци, зголемувањето на каматните стапки може да се случи уште во јули, а потоа уште неколку пати до средината на 2016 година. Финансиските пазари, особено девизните пазари, не се целосно подготвени за таков развој на настаните, смета Hardy.

Hardy додаде дека со ваквите настани најмногу ќе бидат погодени пазарите во развој со уште посилна економска криза, бидејќи изминатите години подигнуваа кредити со евтин долар и навидум бескрајна ликвидност за време на програмата QE на ФЕД од 2009 до 2014. Во исто време, ќе продолжи намалувањето на цените на стоките.

Меѓу глобално важните валути најголем притисок ќе биде врз јапонскиот јен, кој би можело да ја ослабне најмногу, како што растат очекувањата за зголемување на каматните стапки. Слабата валута веќе сега им задава главоболки на политичкото водство во Јапонија, бидејќи јенот е на најниско ниво во однос на доларот од 2002 година. Но, како ќе растат очекувањата за моментот за зголемување на каматните стапки во САД, јенот може да оди надолу доколку Банката на Јапонија продолжи со најрадикалниот монетарнен експеримент во светот, заклучуваат аналитичарите на данската инвестициска банка.