Според податоците на ДЗС во септември просечната исплатена нето плата во земјава била 27.405 денари. Сепак постојат и дејности каде што просечната плата изнесува далеку повеќе или далеку помалку.

Разликата помеѓу просечна плата во дејноста компјутерско програмирање и просечната плата заштитни и истражни дејности изнесува 50.629 денари.

Според статистичките податоци дејности кои што има најниска просечна плата, помала од 20.000 денари, се заштитни и истражни дејности со 16.587 денари, потоа следуваат рибарство и аквакултура, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, услуги поврзан со одржување на згради, дејности на уредување и одржување на животната средина, туристички агенции, организатори на патувања, објекти за сместување и производство на мебел.

Разликата е голема кога овие плати ќе ги споредиме со топ пет дејностите  кои зимаат над просечната плата.

Просечната исплатена нето плата во септември во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности била на ниво од 67.216 денари. Вработените во воздухопловниот транспорт, кои во септември просечно земале 48.349 денари.

Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, каде просечната плата е 45.799. Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови, со просечна плата од 43.113.

Складирање и помошни дејности во превозот, со плата од 40.515, со што всушност се пред вработените во телекомуникациите, чија плата е само нешто пониска од  40.485 денари.