Според податоците на Стопанската комора на Србија, вкупната размена на стоки на Србија со земјите од иницијативата Отворен Балкан во 2022 година изнесува 1,7 милијарди евра и бележи пораст од 28,9 отсто во однос на 2021 година, објави Данас.

Најтргувани извозни производи во 2022 година се минерални горива, масла и восоци, битуменозни материи, електрични машини и опрема и нивни делови и житарки.

Исто така, предмет на размена беа железо и челик, котли, машини и уреди, пластика и производи, гума, пијалоци, алкохол млеко и млечни производи, јајца, мед…

Од друга страна, најтргувани увозни производи во Србија во 2022 година се битуменозни материи, железо и челик, зеленчук, производи од железо и челик, ѓубрива, фармацевтски производи, пластика и производи, гума, разни производи од хемикалија индустрија, овошје, лушпи од агруми или дињи и лубеници, пијалоци, алкохол и оцет.

Албанија – Кога станува збор за надворешнотрговската размена на стоки меѓу Србија и Албанија, таа во 2022 година изнесувала 288,2 милиони евра. Тоа е за 38,5 милиони евра повеќе од вредноста на размената остварена една година претходно. Во таа насока, извозот на албанскиот пазар во наведениот период е зголемен за 8,6 отсто, додека увозот од оваа земја е зголемен за 36,7 отсто.

Северна Македонија – Вкупната трговска размена на стоки меѓу Србија и Северна Македонија во 2022 година изнесува 1,4 милијарди евра, што е за 32 отсто поголема од 2021 година. Извозот во Северна Македонија е зголемен за 19 отсто во однос на 2021 година, додека увозот од таа земја е зголемен за 66,3 отсто во однос на 2021 година, наведува Данас.