Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, во соработка со најголемите комори во државата, започнува со серија едукативни настани за портфолио и индивидуални гаранции од Гарантниот фонд. Целта на настаните е запознавање со корисностите на домашните микро, мали и средни трговски друштва и големите извозни компании од гарантната шема.

Едукативните настани ќе се реализираат од денеска до 30-ти месецов, а членките на коморите ќе можат да ги проследат преку организирани он-лајн линкови за кои може да се информираат во матичните комори.

Според распоредот, едукативни настани се предвидени за денеска за членките на Стопанска комора на Северна Македонија, на 23 ноември  од Сојузот на стопански комори на Македонија, на 25 ноември од МАСИТ и на 30 ноември  од Комора на Северозападна Македонија.