Рецесијата како резултат на вирусот корона се влошува, се заканува дури и со колапс на еврозоната, рече еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. Тој го изјави ова во интервју за „Велта“.

Џентилони истакна дека економиите на Италија, Франција и Шпанија паѓаат за 10-11 проценти, а Данска, Полска, Шведска или Германија – за 4-6 проценти.

„Најновите економски податоци предупредуваат: рецесијата е подлабока од очекуваната, економскиот развој на земјите во еврозоната станува нерамномерен од прогнозата пролетта. „Она за што секогаш предупредувавме е потврдено: рецесијата поради ковид-19 се заканува со колапс на еврозоната“, рече еврокомесарот.

Според него, земјите од ЕУ треба да се договорат за план за закрепнување на економијата што е можно поскоро, со цел да се зајакне довербата во националната економија.

Претходно, Европската комисија претстави предлог за формирање фонд за спас на ЕУ во висина од 750 милијарди евра. Како што беше планирано, земјите-членки на Унијата ќе добијат помош во форма на грантови (до 500 милијарди евра). Европската комисија овој предлог ќе го достави до земјите-членки на ЕУ и до Европскиот парламент. Тој исто така може да се промени, пренесува Спутник.

Светската здравствена организација во март објави пандемија на корона вирусот Ковид-19. Според најновите податоци на СЗО, повеќе од 12,1 милиони случаи се откриени низ целиот свет, додека повеќе од 551 илјади луѓе починале.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк