Речиси 20 милиони евра финансиска поддршка ќе добие бизнис-секторот. Со третиот пакет економски мерки 400 домашни компании ќе добијат над 17 милиони евра. Според надлежните, целта е подигнување на конкурентноста на компаниите во текот и постпериодот на пандемијата. Од Владата посочуваат дека се работи и на привлекување на странски инвестиции.

Ќе се подобрува конкурентноста на компаниите и во услови на ковид и пост ковид кризата. Околу 20 милиони евра финансиска поддршка ќе добие бизнис секторот. Со третиот пакет економски мерки избрани 400 домашни компании, ќе добијат над 17 милиони евра. Фирмите ќе можат да ги модернизираат процесите, да отворат нови работни места и да ги задржат постојните.

Според министерот Бектеши, интересот бил голем. Аплицирале дури 700 компании од различни дејности. Вели, државата подеднакво ги третира и домашните и странските компании.

Дополнително позитивен импулс се очекува и од реализацијата на капиталните инвестиции. Со ребалансот се предвидува 20 процентно зголемување на капиталните проекти. Преку посебен механизам ќе се следи и контролира успешноста на проектите што ќе осигура повисок економски раст, вели министерот за финансии Бесими.

Од владата посочуваат дека се работи на привлекување на странски инвестиции, на кредитната гарантна шема, на јавните- приватни партнерства, на иновативно- технолошки проекти, мерки кои треба да помогнат во растот на економијата.