Во моментов во РЕК Битола на депо има 250 илјади кубни јаглен, а во РЕК Осломеј 33 илјади. Дневната потрпшувачка во РЕК Битола е 12 до 13 тони јаглен, а дневната потрошувачката во Осломој е оклолу 3 илјади тона.

Како што дознава „Локално“, дневно ископот во овој период во РЕК Битола е 20 илјади тони, а се трошат 13 илјади тон јаглен.

– Дневно се копат 20 илјади и од ден на ден депонијата се зголемува и дополнително имаме достава на јаглен што доаѓа во моментов од Грција и од Албанија, а тоа е оклу 2800 тони на ден, дознава „Локално“ од извори во РЕК Битола.

ЗА КОЛКУ ДЕНА ИМАМЕ ЈАГЛЕН ДОКЛКУ НЕ СЕ ВРШИ ИСКОП?

Во непредвидлива ситуација, до која тешко може да се дојде, значи да не функционира ништо во двата рудници во Битола, рудникот во Осломеј, и да нема превоз на јаглен, условно кажено во нај горка криза, тогаш РЕК Битола може да работи 20 до 30 дена без ниту еден грам ископан јаглен. Но, ова досега ниту се случило, нито може да се случи да има нула ископ и нула достава на јаглен.

КОЛКУ СМЕ СИГУРНИ ЗА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА?

Наназад низ години проценките се дека почетокот на грејната сезона во РЕК Битола да почне со 150 до 200 илјади тони јаглен. На 1 октоври 2017 година во депоните на РЕК Битола имаше 60 илјади тони јаглен, додека ова грејна сезона, 2022 годинма РЕК Битола ја започнува со 250 илјади тони јаглен.

– Успеавме со голем ангажман пред се сопствените ископи во РЕК Битола и другите рудници и набаваката да имаме сигурен старт на грејната сезона, 2021 година беше најлошата година во делот на производството на електричната енергија и во делот на произвотство на јаглен. Тогаш беше наменски направено, односно, со план за произвотство, за во период од мај месец до крајот на август, значи три и пол месеци да застане целиот ископ, за да се направи промена на системите кој што не беа направани во 2014 и 2016 година. Технолошка активност РЕК Битола ја има направана минатата 2021 годинма, но можела порано, информираат од РЕК Битола.