НЛБ Групацијата оствари добивка во износ од 225,1 милиони евра за 2017 година односно повеќе од двојно повисока во споредба со 2016 година. Ова претставува рекорден профит во историјата на НЛБ Групацијата. За овие одлични резултати се заслужни сите банки – членки на НЛБ, вклучувајќи ја и македонската НЛБ Банка, која за претходната 2017 година оствари профит од 35 милиони евра.

“Надзорниот одбор е задоволен од резултатите кои се најдобри во историјата на НЛБ Групацијата. Сакаме да им честитаме на менаџментот и на сите вработени за нивните напори и посветеноста кон работата. Задоволни сме од напредокот во дигитализацијата, рационализацијата и модернизацијата на процесите и услугите, што потврдува дека целта НЛБ Група го прифати технолошкиот развој и дигитализација како нова можност за иден раст. И банката и целата група одиграа важна улога во генерирањето на иновативни, напредни и едноставни решенија за клиентите на нивните локални пазари. Подобро корисничко искуство и постојана достапност од една страна и силна советодавна улога од друга страна покажуваат дека фокусот е на клиентите, нивните потреби и задоволство. Во прилог на стабилен, одржлив и профитабилен бизнис, ова е добра основа за успешно работење на НЛБ Групацијата во иднина“ – изјави Примож Карпе, претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка во Љубљана.