Според проценките на Алианц, премијата за осигурување на светско ниво има зголемување за рекордни €3,66 милијарди. Во анализите на германскиот осигурувач не е вклучено здравственото осигурување. Споредено со 2016 година, номиналниот раст прилагоден за ефектите од курсната разлика изнесува 3,7%.

Алианц напоменува споредено со претходната година (+2,9%) дека степенот на раст на приходот од премија е забрзан. И покрај тоа осигурителното продирање, кое се пресметува како процентот на премијата во однос на БДП, падна на 5,5%, што е најниска вредност во последните 30 години. На почетокот од милениумот, пред големата економска криза, оваа бројка беше за цел процент поголема“.

 

 

 

„Ова е парадоксална ситуација“, коментира Михаел Хајсе, шеф на економскиот сектор на Алианц. „Од друга страна, ризиците се во постојан пораст, само помислете на климата, демографијата, сајберот или политиката, но од друга страна, луѓето низ светот вложуваат сѐ помала сума од своите приходи во осигурување. Потребни се големи заеднички напори на политичарите и индустријата за да се затвори овој јаз на заштита“, додава Хајсе.

Според студијата на Алианц, од околу €60 милијарди од дополнителни премии во животното осигурување, околу 80% учествуваат на кинескиот осигурителен пазар. Пазарите во развој учествувале со 80% во растот, додека две третини од тоа припаѓа на Кина. „По изгубената декада, растот на премиите треба да го врати нивото пред кризата, а Кина се очекува да биде најголемиот осигурителен пазар во светот“.

Во 2017 година глобалната премија за осигурување на имот и несреќи не само што пораснало два пати повеќе од животното осигурување, туку и го забележа најголемиот раст од 2012 година навака. Речиси сите региони учествувале во растот, но разликата во растот во пазарите во развој (+11,6%) и старите осигурителни пазари (3,5%) и понатаму е голема.

Животното осигурување во 2017 година доживеа низок раст од 2,8%, првенствено поради слабиот развој во Западна Европа, каде се генерираат 30% од полисите на светско ниво. „На крајот од минатата година регионалниот волумен на премија се уште беше 5% под врвот пред кризата во 2007 година, а осигурителното продирање е намалено од 5,6% на 4,4%“.