Во овоштарниците во ресенскиот регион поради последиците од топлата зима и ладната дождлива пролет веќе се видливи послдици во овоштарството – се појави зараза предизвикана од габа од семејството „ервинија“, но нема заштита, а ако се почека уште малку ќе го изгубиме целокупното производство, алармираат ресенските производители на јаболка.

Претседателот на здружението на овоштари Љубе Пампулески вели дека затоа се бара „брза реакција и долгорочни решенија кои ќе ги вклучат и мислењата на земјоделците, науката и стручната јавност за мерките и решенијата кои треба да ги пресретнат климатските промени што доаѓаат“.

Владата уште првиот ден ќе треба да се фати за решавање на проблемите во земјоделството кои од почетокот на годинава се заострија и прераснаа во протести, ако сака да не се соочи со натрупаниот гнев на земјоделците и целосно напуштање на производството на храна, велат од земјоделските здруженија кои очекуваат долгорочни решенија.

Според нив, проблемите се јасни и се трупаат со години и треба се решаваат навреме..пренесува „Плусинфо“