Навчерашната седница на Влада започна процесот кој осигурува решавање на проблемот со обезбедување на топлинска енергија. Радијаторите на нашите граѓани на Градот Скопје и општините ќе останат топли до крајот на грејната сезона.
Деновиве имаше јавни превирања за тоа каде припаѓа одговорноста за решавањето на овој проблем и иако обезбедувањето на топлинска енергија е јавна комунална обврска на Градот Скопје, сепак одговорно е потребата на граѓаните да е на прво место и Владата тоа го направи.
Во последните две недели сите економски ресори во Владата имавме редовни состаноци на кои се разгледуваа сите опции и можни решенија и верувам дека го најдовме најпрагматичното решение кое ги искористува сите законски можности со единствена цел, заштита на граѓаните.
Вчера Владата донесе одлука во која што побара од Тето да снабдува електрична енергија и пареа како енергенс за БЕГ во временски период од 5 часот наутро до 1 часот по полноќ. Денеска, Тето ја прифати вчершната одлука на Владата и веќе од вечерва од 22 часот ќе почне да испорачува електрична енергија кон ЕСМ а со тоа ќе обезбеди дополнителна топлинска енергија за граѓаните и тоа ќе го продолжи до крајот на грејната сезона.
Владата во процесот на преговори со БЕГ и ТЕТО го заштити интересот на граѓаните и тие можат да бидат спокојни дека домовите ќе им останат топли.