Економската криза заедно со инфлацијата ги натера граѓаните дополнително да се задолжуваат, вели за Детектор Маријана Лончар Велкова од Организацијата на потрошувачи. Таа апелира да се внимава на условите кога се земаат кредити за да бидат заштитени при нивното отплаќање.

За брзите кредити потенцираше дека надлежните треба да посветат повеќе внимание на начинот на кој тие се рекламираат пред граѓаните.

Таа им објаснува на граѓаните дека имаат законско право 14 дена по земањето на кредитот да се откажат од него без трошоци.

Кога ќе го земете кредитот, прво може да се откажете од него по 14 дена. Ретко кој од нив тоа го знае, а финансиските друштва тоа никаде не го објавуваат. Секој може да ги направи тоа. Тоа е според Законот за заштита на потрошувачи. Точно тоа го вели. Има таков период од 14 дена, дали е тоа за овие, важи за сите кредити. Тука има трошоци само за одобрувањето на кредитот. Само тие трошоци. Меѓутоа и тие треба да се на разумно ниво, да не бидат енормни, објаснува Лончар за Детектор.