Тие дури може да паднат под нивниот 30-годишен пад од 2017 година, кога САД се снабдуваа дневно со 582.000 барели

Откако го преплавија американскиот пазар во последните месеци, Саудиска Арабија планира да го скрати значително извозот на нафта кон најголемиот пазар на “црното злато” во светот во обид да го ограничи веќе видливото формирање на вишок.

Базираните во САД рафинерии биле предупредени да очекуваат многу помали резерви од кралството од јануари натаму спрема последните месеци, објави Bloomberg, согласно со плановите на државната нафтена компанија Saudi Aramco. Мерката следува после одлуката на ОПЕК да го намали производството, донесена за време на последната средба на картелот претходно овој месец.

Испораките на сурова нафта од Саудиска Арабија може дури да бидат под 30-годишното дно од 2017 година, кога во САД дневно беа внесувани по 582 000 барели. Ова претставува речиси 40-процентен пад од просечното ниво на испораките од последните три месеци, дополнуваат изворите.

Со своите постапки Ријад се надева да покаже дека ги почитува ветувањето за намалување на испораките на глобално ниво.

Но дури и тоа да го убеди скептичниот нафтен пазар дека кралството е одлучено да го одржи во разумни граници снабдувањето и побарувачката, таа мерката е речиси сигурно дека ќе го налути американскиот претседател Доналд Трамп, кој неколкупати барал од Саудиска Арабија – традиционален партнер на САД, да не го ограничува производството, за да не се зголемуваат драматично цените.

Саудискиот извоз се очекува да опадне до околу 7 милиони барели на ден во јануари при средни 8 милиони барели дневно во периодот ноември-декември, велат прогнозите.

Минатата недела министерот за енергија на земјата Халид ал Фалих пред новинарите изјави дека производството ќе се намали во текот на првиот месец од новата година до 10,2 милион барели дневно наспроти продукцијата од 11,1 барели во ноември.

Нафтениот пазар во голема мера ја игнорираше одлуката на ОПЕК и неговите сојузници од почетокот на месецот за поголемо од очекуваното намалување на производството од 1,2 милиони барели дневно или малку над 1% од светската побарувачка. Цената за барел по меѓународниот репер – Брент изнесува околу 60 долари.

Според податоците на Bloomberg Саудиска Арабија извезува за САД просек на ден по 860 000 барели дневно од почетокот на годината. Испораките се зголемија во втората половина на годината, со просек од 975.000 барели дневно во периодот јули-декември.