Во наредните пет години, роботи ќе заменат 10.000 вработени во една од најголемите банки во САД „Citibank”. „Имаме 20.000 оперативни позиции. Во следните пет години можеме да ги намалиме на 10.000″, вели менаџерот на Citibank.
Според него, автоматизација е предмет на технологии и операции кои вклучуваат речиси 40% од вработените во банкарскиот оддел на Citigroup.
Претходно на конференција во Франкфурт главниот извршен директор на „Deutsche Bank”, Џон Криан,
предупреди дека повеќето вработени во банката ќе бидат заменети од роботи и други технологии, бидејќи компанијата сака да одржува “револуционерен дух”, движејќи се напред.
„Во нашата банка постојат луѓе кои се однесуваат како роботи што вршат механички дејства.
Утре ќе имаме роботи што ќе се однесуваат како луѓе”, изјавил Кријан. “Треба да најдеме нови начини да ги користиме луѓето и, ако е можно, луѓето да најдат нови начини да трошат време”.