До крајот на овој месец звршува рокот за поднесување барање за утврдување правен статус бесправни објекти. Општина Велес информира дека граѓаните барањата комплетирани со геодетски елабаорат треба даги достават до Граѓанскиот сервис при Општина Велес.

Елизабета Јовчевска раководител на Одделението за општо правни работи и овластувања, за МИА информира дека во Велес од почетокот на процесот на  легализирање на дивоградби легализирани се 6100 дивоградби.

Годинава се легализирани 240, а  во  2017 година  580 дивоградби, а  што било повеќе од двојно во споредба со 2018.

Согласно Законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, рокот за поднесување на барања истекува на 31 декември 2018 година.