Романија ќе го одложи преминот кон еврото до 2029 година

Ова го соопшти првиот заменик-гувернер на Народната банка на Романија, Флорин Георгеску,.

При проценката се зема предвид моменталната состојба на главните макро индикатори во земјата, кои бараат значителни прилагодувања и време за нивно спроведување.

Романија првично си постави за цел да го прифати еврото во 2014 година, но рокот беше ревидиран неколку пати, објавија медиумите. Влезот во еврозоната беше одложен за 2019 година, па за 2024 година, а сега очигледно ќе има уште едно одложување за 5 години.

Романија имаше можности меѓу 2015 и 2017 година, кога можеше да аплицира за приклучување кон подготвителниот механизам ERM II на еврозоната. Во тоа време, земјата ги исполни сите критериуми за номинална конвергенција утврдени во Договорот од Мастрихт (за стабилност на цените, јавните финансии и одржливоста на долгот, стабилноста на девизниот курс и долгорочните каматни стапки).

Во моментов Романија не ги исполнува сите критериуми

Хрватска, која влезе во ЕУ во 2013 година, се очекува да се приклучи на еврозоната на почетокот на 2023 година, а Бугарија во 2024 година, иако земјата не постигна голем напредок, пишуваат романските медиуми.

За одложување на целниот датум за усвојување на еврото од 2024 година за периодот 2027-2028 зборуваше и поранешниот премиер на Романија, Флорин Кацу.

Во својот последен извештај за конвергенција, објавен во јуни, Европската централна банка рече дека на Романија и требаат економски политики ориентирани кон стабилност и сеопфатни структурни реформи за да ги исполни критериумите за пристапување во еврозоната.