Рускиот државен монопол Транснефт го рестартира протокот на нафта низ јужниот крак на гасоводот Дружба, објави новинската агенција РИА, цитирајќи го помошникот претседател на Транснефт, Игор Дјомин.

„Пумпите работат – тие беа вклучени во 16:00 часот“ (13:00 часот по Гринич,), рече Дјомин, а пренесува РИА.

Унгарскиот МОЛ денеска соопшти дека ја платил транзитната такса за користење на украинскиот дел од гасоводот, прогласувајќи го за „брзо решение“. Во соопштението на МОЛ се наведува дека прекинот настанал „поради технички проблеми што настанале со банките“.

Тој додава дека словачката подружница на МОЛ, Словнафт, исто така платила надомест за да овозможи континуирана испорака на руска нафта во Словачка.

Словачкиот министер за економија Ричард Сулик изјави дека плаќањето на Словнафт е решение за месец август, откако Western Bank одбиле да го процесираат плаќањето на транзитната такса што Украина ја наплаќа кон Русија.

Украина најави дека протокот на нафта низ нафтоводот Дружба ќе продолжи кога ќе ја добие исплатата, рече Сулик.

“Не би рекол дека се работи за политички контекст, бидејќи нема. Само имало техничка грешка или погрешна проценка. Вакви грешки се случуваат. Мојот украински колега и министер за енергетика ме увери дека ако стигнат парите , нафтата ќе протече денеска. Очекувам нафтата да протече во следните неколку часа“, рече тој.

Тој додаде дека проблемите со плаќањето се изненадувачки бидејќи Словачка смета дека увозот не е покриен со санкциите на ЕУ против Русија, па смета дека се дозволени и плаќања за транзит.