Русија од март ќе го намали производството на нафта за 500.000 барели дневно или за пет отсто, изјави денеска вицепремиерот на Русија Александар Новак.

Тој вели дека земјата нема да продава нафта на оние кои директно или индиректно учествуваат во ограничувањето на нејзината цена и додава дека Русија ваквиот чекор го презема доброволно во насока како што рече да се обноват пазарните односи.

Санкциита за руската нафта на Западот стапија на сила на 5 декември 2022 година.

Европската унија, земјите од Г7 и Австралија воведоа ограничување на цената на руската нафта за поморски транспорт од 60 долари за барел.