Рускиот министер за енергетика –  Александар Новак

МОСКВА (Ројтерс) – Растечкиот протекционизам и трговски војни и непредвидливоста на американската администрација во голема мера придонесоа за глобалната нестабилност на цените на нафтата во текот на изминатите две години, рече во четвртокот рускиот министер за енергија, Александар Новак.

Цените на нафтата се променливи, паднаа за повеќе од една третина во овој квартал, делумно поради зголемувањето на производството на нафта во САД.

“Сите овие несигурности, кои сега се на пазарот: како Кина ќе се однесува, како Индија ќе се однесуваат … трговски војни и непредвидливост од страна на американската администрација … тие се дефинирачки фактори за нестабилноста на цените”, рече Новак.

Претседателот на САД Доналд Трамп е гласен критичар на ОПЕК, барајќи картелот да влијае на членките со цел да ги намали цените на нафтата.

Новак, исто така, им изјави на новинарите дека одлуката на САД да им дозволи на некои земји да тргуваат со иранската нафта по ставањето на санкции врз Техеран е еден од клучните фактори за намалување на производството на нафта за 1,2 милиони барели дневно.

Организацијата на земјите-извознички на нафта и други производители на нафтени деривати предводени од Русија се согласија да го намалат производството во јануари, со цел да ги потпомогнат цените на нафтата.

“Ако не беа тешките санкции против Иран, ние не би го направиле тоа (намалување на производството)”, изјави Новак за новинарите. Тој, исто така, рече дека е многу малку веројатно дека ОПЕК и другите производители на нафта ќе формираат постојана заедничка структура.

РУСКОТО ЗАЛАГАЊЕ

Според министерот, Русија ќе го намали производството за 3 до 5 милиони тони во првата половина од 2019 година, како дел од договорот, а потоа ќе може да го врати на 556 милиони тони (11,12 милиони барели дневно) за цела 2019, на исто ниво со 2018 година.

Русија вети дека ќе го намали производството во рамките на својот глобален договор со другите производители за околу 230.000 барели, од 11.41 милиони барели, произведени во октомври, што е основа за намалување на производството.

Новак рече дека Русија ќе може да го зголеми годишното производство од 10-15 милиони тони (200,000-300,000 барели дневно) во текот на следните две години.

Во моментов, САД, која не е дел од глобалниот договор, пумпа 11,6 милиони барели сурова нафта, повеќе од Саудиска Арабија или Русија.

Новак рече дека тоа е само прашање на време кога производството на нафта во САД ќе почне да опаѓа.

“Мислам дека тие се соочуваат со некои тешкотии. И покрај неодамнешниот бум (во нивната дневна продукција) нивната ефикасност опадна,со што станува се потешко за нив да се соберат средства”, рече тој.