На Русија не и треба паралелен увоз на никакви прехранбени производи.

Ова го изјави Оксана Лут, првиот заменик министер за земјоделство на Руската Федерација на форумот „Произведено во Русија“, пренесува еКапија.

„Ние веруваме дека можеме да произведеме се. Односно, достигнавме такво ниво на развој што во основа можеме да произведуваме се и не ни треба паралелен увоз. Ако немаме никаков бренд, ќе имаме друг, руски бренд, а наша руска компанија ќе го произведува“, рече Лут.

Според неа, единствен исклучок може да биде вискито, кое „наскоро најверојатно ќе влезе во земјава преку паралелен увоз“.

„Но, сакам да кажам дека ништо не ни треба од гледна точка на храна, имаме сè. Дојдете кај нас, земете, ќе продадеме сè, главното е сите да се нахранети“, вели Лут.

Пролетта, руската влада го легализираше паралелниот увоз за да ја задоволи побарувачката за странска стока.

Еден од принципите според кои стоките се вклучени во списокот е престанокот на испораките на рускиот пазар.

Мерката подразбира увоз на оригинална стока, но преку алтернативни канали за снабдување. Списокот на стоки за таков увоз го одобрува Министерството за индустрија и трговија.