Да потсетиме, во септември минатата година имаше истекување на гас на два гасоводи „Северен тек“ во Балтичкото Море, а подоцнежната истрага покажа дека инцидентот е резултат на „силни експлозии“.

„Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ превезувале 110 милијарди кубни метри природен гас годишно во Германија под Балтичкото Море.

„Газпром“ соопшти дека е технички возможно да се поправат гасоводите, но два извори запознаени со плановите велат дека Москва гледа мали изгледи дека односите со Западот ќе се подобрат доволно во догледна иднина за да ги бара гасоводите.

ПРОЧИТАЈТЕ И: Гроси: Во тек се важни разговори на МААЕ со Иран и големи очекувања
Друг извор запознаен со плановите потврди дека заинтересираните страни размислуваат за конзервација.

Ова најверојатно би значело запечатување на скршените краеви и ставање облога во цевката за да се спречи понатамошна корозија од морската вода.

Еден од руските извори рече дека ако американскиот течен природен гас што се користи во Европа стане многу поскап, Европа можеби повторно ќе биде подготвена да купи повеќе од Русија.