Велика Британија очекува уште еден танкер на рускиот течен природен гас (ЛНГ), бидејќи ненормално ладната  зима предизвикува недостиг.  Исто така имаше, ценовници за гас, што е потребно за греење. Според Фајненшл Тајмс поради лошите времески услови цените на гасот пораснале за 400 проценти. Ланецот Shell се очекува да испорача руски гас на 6 март на терминалот во Милфорд Хевен. Минатата недела Британската национална мрежа за ресурси објави дека, поради зголемената побарувачка  земјата се соочи со недостаток на природен гас.

Многу експерти изјавија дека Британија е премногу зависна од природниот гас како ресурс. Тој е круцијален енергетски ресурс поради тоа што генерира повеќе од 40% од електричната енергија и греењето во домовите и компаниите ширум Велика Британија.

Руската енергетска компанија Новатек, која што го има управувачкиот пакет на акции во Yamal LNG, е под санкции од страна на САД од 2014 година. Сепак санкциите не се однесуваат на природниот гас, па така компанијата може сеуште да извезува гас во Соеднитетите држави и Обединетото Кралство.