Растечкото производство на жито во Руската Федерација го зголеми нивото на вкупен извоз, кое што се приближи на рекордни 50 милиони тони, според директорот на SovEcon аналитичкиот центар, Андреј Сизов. Минатата година, земјата го изгуби статусот на водечки извозник во светот за сметка на САД. Рускиот министер за агрикултура очекува оваа година нивната земја да го врати водечкото место во оваа гранка.

Извозниот пазар на земјата активно расте, вели Сизов. Русија ги знабдува со жито земјите како Алжир, Јордан, Египед, Либан, Турција и Иран, додека Саудиска Арабија објави дека нивниот план е да постанат главен центар за руските земјоделски производи на блискиот исток.

Пред три години рускиот претседател Владимир Путин постави цел да ја направи Русија водечки производител на здрава, еколошки чиста и високо квалитетна храна во светот.