Сокриени зад маглата на моменталните случувања на нафтениот пазар како и Турските авантури во Сирија, лидерот на ОПЕК Саудиска Арабија ја зациментира својата геополитичка позиција. Во главниот град Ријад оваа недела имаше состаноци помеѓу официјални претставници на Саудиска Арабија и Русија. На овие состаноци беа скучени огромни зделки за експлоатација на енергетски ресурси кои ја променија драматично констелацијата во регионот.

Русија директно понуди да инвестира во претстојниот проект Aramco IPO, со што ќе ги поддржи напорите на Саудискиот принц Мухамед Бин Салман да ја диверзифиција економијата на своето кралство.

Кирил Дмитриев, генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, изјави дека очекува во иднина Русија и Кина да ги здружат своите инвестициски фондови и да работат во конјукција со Руските банки како дел од проектот Aramco IPO.

Русија и Ријад имаат и други заеднички интереси, воглавно поврзани со регионот како Сирија, Иран и Ирак. Соработката со младиот Саудиски принц е високо вреднувана од рускиот претседател Владимир Путин, давајќи и на Москва директен пристап до пазарот на нафта и природен гас и пред се намалувајќи ја традиционалнота долгогодишна доминација на САД во овој регион.