Вчера рускиот претседател Владимир Путин објави итни мерки со цел да се одржи вредноста на рубљата, вклучително и забрана за Русите да префрлаат пари во странство откако валутата падна на рекордно ниско ниво

Во обид да го спречи масовниот тренд на граѓаните да ги заменуваат рубљите во странски валути поради страв од губење на нејзината вредност како резултат на инвазијата на Украина, руската Централна банка воведе провизија од 30 отсто при купување на странски валути, пренесува Ројтерс.

Од Централната банка засега не ги коментираат информациите на новинската агенција.

Вчера рускиот претседател Владимир Путин објави итни мерки со цел да се одржи вредноста на рубљата, вклучително и забрана за Русите да префрлаат пари во странство откако валутата падна на рекордно ниско ниво.