rubelРуската централна банка ја откри огромната сума со која се обидува да ја поддржи вредноста на рубљата. Во изминатата година, банката на девизниот пазар потрошила 76 милијарди долари и 5,4 милијарди евра за купување на рубљи.

Руската валута е под постојан притисок поради западните санкции кон Русија поради кризата во Украина и поради падот на цената на нафтата. Во текот на 2014, рубљата падна за 41% во однос на доларот и за 34% во однос на еврото.

Ограничувањата за увоз на странска храна, како и падот на вредноста на рубљата резултираа да стапката на инфлација се искачи до 11,4% на крајот на годината.

Цените се зголемиле за 1,3 % во Ноември, додека во Декември за 2,6 % според извештаите на Федералната служба за статистика на Русија.

Најголемата интервенција Руската централна банка со цел да ја поддржи вредноста на рубљата ја изврши во Март кога Русија го анексира Крим, па потоа во Октомври и Декември кога цената на нафтата бележеше остри падови.

Најголем пад на вредноста на рубљата од речиси една четврина е забележан на 15 и 16 Декември кога поради паника Русите побрзаа да ги конвертираат своите пари во странски валути.

Како резултат на мерките на централната банка за подршка на рубљата девизните резервите во декември изнесуваа помалку од 400 милијарди долари, што претставува најниско ниво во последните пет години.