Руската централна банка  нема да интервенира на девизните пазари по големиот пад на вредноста на рубљата, со што ќе се намали влијанието на новите американски санкции врз руската валута.

Нестабилноста на руските пазари се зголеми откако Вашингтон им наметна нови санкции на Русија на 6-ти април. На  мета се некои од најголемите компании во Русија и највлијателните деловни луѓе, со  кои САД сака да ја казни Москва за наводна вмешаност во американските избори во 2016 година и поради други активности.

 

 

Рубљата во минатата недела загуби повеќе од 10 отсто во однос на доларот, и во еден момент падна на најниско ниво од крајот на 2016 година, но во Петок  донекаде се стабилизира. “Ситуацијата на девизните пазари е избалансирана”, изјави Јудаева на финансиската конференција во Москва.

“Ние не интервенираме на пазарот во случај на едноставна нестабилност или пад на стапката на рубљата, само интервенираме ако постојат ризици од финансиска стабилност”, рече таа.

Таа истакна дека зголемувањето на флуктуации на пазарот во моментов не претставува ризик за финансиската стабилност и дека ситуацијата е постабилна отколку во 2014 година, кога САД ги изрече првите казни за Русија за улогата на Москва во украинскиот конфликт. Централната банка ги има сите неопходни инструменти за отстранување на пазарните ризици, рече Јудаева.