Русија ја зајакнува својата позиција на глобалниот пазар на прехрамбени производи. Ова е пред се дел од владината политика како одговор на санкциите наметнати врз Руската економија. Евгениј Аклашиев, директор на одделот за храна при министерството за производство на храна, изјави дека очекува до 2025 вредноста на извозот да достигне 40 билиони долари. Тој потенцираше дека во последните три години, Русија драматично го намали увозот на шеќер (за 73 проценти), месо (за 36 проценти), и млечни производи(за 29 проценти).

Овој месец, во својот говор на настанот организиран од Руската Федерација, Владимир Путин изјави дека во следните четири години извозот на храна ќе го надмине увозот. Русија оваа година оствари рекордно производство на житни култури, со што го надмина претходниот рекорд остварен во поранешниот Советски Сојуз во далечната 1978 година.