Според податоците 40 отсто од богатството им припаѓа на Русите кои поседуваат 100 милиони долари. Повеќе од четвртина од имотот на граѓаните е концентриран во странство.

Последните 20 години богатите Руси го зголемиле за 16 пати од 0,1 до 1.6 милијарди долари. Максималниот раст е забележан во периодот од 1999 до 2014 година и во просек тој изнесувал 14 отсто годишно.

– Според просечната стапка на раст на личниот капитал во последните 20 години Русија го надмина светот и источна Европа, и тој просек сега изнесува 13,5 спроти 5 и 10 отсто, се наведува во извештајот на Бостон консалтинг груп.

Според податоците 40 отсто од богатството им припаѓа на Русите кои поседуваат 100 милиони долари. Повеќе од четвртина од имотот на граѓаните е концентриран во странство.

Според прогнозите на компанијата, наредните пет години се очекува пад на темпото на пораст на капиталот за 6,5 отсто или четири отсто, поради влијанието на кризата предизвикана од пандемијата со корона вирусот. Најлошото сценарио предвидува темпото на насобирање богатство да падне на 3,8 отсто, пренесува „Спутник“.