Просечно 60.000 луѓе месечно бараат информации за тоа како да станете пилот, според Гугл. По информатичката технологија, авијацијата е барана и кога станува збор за промена на професијата.

Познавачите укажуваат дека пазарот на авиосообраќај се повеќе се развива во последните години и дека за многумина ќе биде барана и оваа професија од соништата. Ниту Ракиќ е една од петте жени пилоти во националната авиокомпанија на Србија. Таа пилотира на сите континенти веќе 20 години и вели дека патниците се изненадени секогаш кога ќе ја видат.

Во Србија летаат 1.538 пилоти, покажуваат податоците на Дирекцијата за цивилно воздухопловство, која годишно издава меѓу 70 и 80 нови дозволи за летање, пренесува РТС.

Има долга листа на барања кои мора да се исполнат за да се стане пилот. Меѓу нив се години студирање, десетици часови летање и нешто повеќе од 40.000 евра, колку што чини обуката за цивилен пилот.

Сето тоа не ги спречува најупорните да добијат пилотска дозвола, како во неколку приватни школи за летови, така и во државната академија за воздухопловство.

„Со оглед на потребите на пазарот, очекуваме годинава да има сериозен притисок за упис во двете паралелки во Белград и Вршац. Имајќи ја предвид состојбата во воздушниот сообраќај и потребата од пилоти, мислам дека воопшто нема да се чека за работа“, вели Горан Вијовиќ, директор на Воздухопловната академија во Вршац.

Српските пилоти се барани и во авиокомпаниите на Блискиот Исток, Азија и традиционално во Африка.