Дополнителната финансиска помош што властите во САД им ја одобруваат на лицата кои ја изгубија работата поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, ја зголеми потрошувачката и Американците купуваат многу повеќе за разлика од периодот кога работеле, покажуваат истражувањата.

Секој жител на САД има право на дополнителни 600 долари секоја недела до крајот на јули, како плус надоместок покрај редовните примања за невработени.

Истражувањата покажуваат дека овие дополнителни средства не само што им помагаат на невработените, туку ја поттикнува и потрошувачката во услови на криза.

Аналитичарите на JPMorgan направиле анализа на трансакциите на 61.000 домаќинства кои добивале дополнителен надоместок во периодот од март до мај, по што е утврдено дека се потрошени 10% повеќе пари одошто во периодот пред пандемијата.