Претседателот на САД, Доналд Трамп одлучи привремено да изземе шест држави и Европската Унија од увозот на челик ми алуминиум, соопшти Белата куќа.

Царините за увоз на челик и алуминиум се укинуваат до 1 мај 2018 година за членките на ЕУ и Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Мексико и Јужна Кореја – соопшти Белата куќа.

САД од денеска почнаа со примена на увозни царини од 25 отсто на челик и 10 проценти на алуминиум.

Вашингтон со тие држави разговара за „задоволувачки алтернативни начини на третирање на заканата од слабеење на американската национална безбедност поради увозот на челик, се наведува во изјавата на Трамп. Американскиот претставник за трговија Роберт Лајтизер вчера во Сенатот соопшти дека укинувањето на царините го дозволил претседателот Трамп.