САД и Тајван се договорија да почнат официјални трговски разговори за да постигнат значајни договори, како дел од новата иницијатива, а според официјален Тајпеј, ќе се разговара и за „економска принуда“ од Кина, пренесува „Ројтерс“.

Американско-тајванската иницијатива за трговија во 21 век првпат беше претставена во јуни, а двете страни сега рекоа дека „постигнале консензус за преговарачкиот мандат“, наведува британската агенција.

САД објавија дека ќе почнат официјални трговски разговори со Тајван, неколку недели по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, која предизвика остри протести од Пекинг.