На американските технолошки компании кои добиваат федерално финансирање ќе им биде забрането да градат објекти за „напредна технологија“ во Кина во следните 10 години, соопшти администрацијата на Бајден, а пренесе Радио Слободна Европа.

Насоките беа претставени како дел од планот од 50 милијарди долари (43 милијарди фунти) за изградба на локална индустрија за полупроводници.

Мерката беше усвоена како дел од политиката за намалување на економската зависност од Кина.

Кинеската амбасада во Вашингтон смета дека тоа е во духот на „менталитетот на Студената војна“.

Американските компании кои произведуваат напредна технологија, првенствено микрочипови, нема да смеат да отвораат фабрики во Кина во следните десет години, бидејќи САД го усвоија Законот за чипови и наука.

Целта на таа мерка е да се спречи понатамошна економска и поконкретно технолошка зависност од Кина, јавува Би-Би-Си.

Одлуката се однесува на компании кои добиваат средства од федералниот буџет за нивното истражување и работење.

САД и Кина се во долготраен спор околу трговијата и технологијата.