До сега Италија се сметаше за една од најзадолжените земји во светот, но со постојаното зголемување на долгот, САД се блиску до претекнување на Италија.

 

Со кратењето на даноците, кое американскиот Конгрес го изгласа на крајот на минатата година, се очекува буџетскиот дефицит на САД за 2019 година да изнесува над 800 милијарди долари. САД веќе имаат долг од 21 трилиони долари, ниво кое го надминува американскиот годишен бруто производ. САД сега должат околу 110 проценти од бруто домашниот производ, а од поголемите економии, пред неа се само Италија (133 проценти), Грција (180 проценти) и Јапонија (240 проценти од БДП).

Но, со најновото задолжување, САД се на пат да ја претекнат Италија. Американскиот претседател Доналд Трамп и републиканското мнозинство во Конгресот сметаат дека намалувањето на даноците ќе овозможи да продолжи и да се засили сегашната стапка на раст од повеќе од 3 проценти годишно, со што растечкиот долг ќе се држи под контрола.