Во текот на 2016 година  американската економија претрпела штета од Сајбер нападите која се проценува на 57 милијарди до 109 милијарди долари, се наведува во извештајот на американската влада заснован на податоците од специјалните служби.

Во овој извештај американците за сајбер нападите пред се ги обвинуваат Русија, Северна Кореја, Кина и Иран.

Во петокот американската влада ја обвини Русија како креатор на вирусот NotPetya, кој широк простор зафати во средината на минатата година, оценувајќи го тој вирус како „најдеструктивен и најштетен во историјата“.

Специјалните служби допрва ќе прават проценка за штетите од сајбер нападите во 2017 година, а оттаму велат дека сумата најверојанто ќе биде поголема во споредба со таа од претходната година.