Во Македонија недостасуваат вистински консултанти и експерти кои можат да го убрзаат процесот на дигитализација. Потребни се луѓе со дигитални вештини кои ќе помогнат на малите и средни претпријатија. Но потребна е и поголема свесност кај стопанствениците за развој на компаниите се со цел подобрување нја нивната конкурентност. Но, за комплетна целина мора и владата да помогне со мерки, како фирмите би дошле свеж капитал и подобри услови за бизнис. Организацијата Македонија 2025 смета дека дигиталната трансформација на целокупното општество ќе донесе значителни придобивки за приватниот сектор.

„Недостасува свесност кај малите и средни претпријатија, кај претприемачите, за придобивките од дигитализацијата и како тоа ќе ги направи поконкурентни на странските пазари, и ќе ги направи поимуни од дигитализацијата на домашниот пазар“, вели Васко Кроневски од Одбор на директори на Македонија 2025.

Стопанствениците уште еднаш им порачаа на политичарите, потребно е да се подобрат условите за водење бизнис. Бизнисмените велат дека се подготвени за нови инвестиции, само и тие си имаат свои барања.

„Ако сите ние во сегментот на своето работење не се охрабриме и дополнително да внесеме енергија и ресурси и од наша страна и помогнати со една клима добра со раст и развој многу тешко ќе биде тоа. Но акп секој во своето делување  даде еден екстра ангажман јас сум убеден дека имаме ресурски и знаење“, вели Живко Мукаетов од Одбор на директори на Македонија 2025.

На странските пазари Македонија како држава мора да биде бренд. Државата треба да биде претставувана како место каде може да се просперира, и на тој начин ќе се намали проблемот со недостатокот на работна сила, а ќе се зголеми и бројот на странски инвестиции.

„Како луѓето ќе ја препознаваат Македонија во светот, дали како бизнис дестинација, дали како држава со одлични образовни институции? Подаваме рака во моментов за две клучни области, а тоа се дигитализација и конкурентност“, вели Никица Мојсовска Блажески директорка на Македонија 2025.

Организацијата Македонија 2025 подготви и платформа за побрз економски раст кој веќе го претстави на политичките партии. Според нив, потребно е  нулта толеранција за корупција, транспарентност, систем базиран на заслуги и лична одговорност,  зголемени инвестиции во образованието, деловни  реформи, поддршка на извозот и намалување на сивата економија. Доколку ова се оствари на терен стапката на раст на економијата во периодот што следи ќе биде најмалку пет отсто.