Само 9 % од Швеѓаните користат готовина, а пандемијата само го забрза процесот на дигитално плаќање, смета Централна банка.

Употребата на готовина во скандинавската земја се намалува веќе со години, а се проценува дека за 10 до 20 години кованите и хартиените банкноти целосно ќе бидат исфрлени од употреба.
Швеѓаните сè повеќе користат електронско плаќање, вклучувајќи плаќање со картичка и користење на апликации за мобилно плаќање. Во последните 30 дена, според анализата, повеќе од 90 отсто од луѓето во Шведска користеле дебитна картичка за плаќање, а само 50 отсто платиле со готовина.

Пандемијата го забрза трендот на дигитално плаќање, а властите размислуваат за воведување на дигитална валута.