Нов раст на потрошувачката кошница регистрира Синдикатот. На едно 4 члено семејство во јуни му биле потребни 34.212 денари, само за да ги задоволи основните месечни потреби. Речиси половина од парите им се за храна, пијалоци и сметки за домот. За здравје, граѓаните одвојуваат најмалку – само 730 денари. Платите се ниски и не го следат зголемувањето на цените на производите, велат граѓаните. Со една плата – тешко дека ќе го преживеат месецот.

Статистката неделава објави дека просечната месечна плата се зголемила и сега  изнесува 28,721 денар. Ова значи дека само со еден вработен во семејството, на домаќинствата им недостасуваат над 5,000 денари за да ги задоволат  основните потреби.