Зголемувањето на цената на енергенсите поради ситуацијата околу Украина и санкциите на ЕУ против Русија ја чинеа унгарската економија 10 милијарди евра.

Ова го откри унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за унгарски Немзет.

Според него, скокот на цените на енергијата ги турна земјите во опасна ситуација. Ако една година порано Унгарија купуваше ресурси во вредност од 7 милијарди евра, сега за нив требаше да плати 17 милијарди евра.

-Оваа разлика е многу голема, истакна шефот на унгарската влада.

Орбан смета дека доколку се укинат сите енергетски санкции, цените на енергетските производи веднаш би паднале.

Дополнително, би се намалила и стапката на инфлација, а Будимпешта би можела да планира економски раст не од 1,5 отсто, туку дури пет отсто во наредната година.