Наместо тоа, ОПЕК продолжува да се придржува до претходниот договор за зголемување на 400.000 барели дневно. Тоа е премалку и генерира неконтролиран раст на цената на нафтата. Саудискиот принц Мохамед бин Салман Ал Сауд, како неформален лидер на картелот, исто така го отфрли барањето на Вашингтон и на некои членки на ОПЕК за исклучување на Русија од членството во моќната организација.

Последиците од ваквите одлуки веќе се видливи од утрово: барел нафта достигна цена од 115 долари, што е највисока цена во последните десет години. Така, цената на нафтата од минатата година порасна за речиси 50 отсто.

Организацијата на земјите извознички на нафта одлучи да застане на страната на Русија, иако дури и Швајцарија се откажа од својата вековна неутралност и се приклучи на санкциите против Москва. Намалените испораки на нафта на светскиот пазар, и покрај големата побарувачка, постојано го стимулираат растот на цената на нафтата и со тоа со невидена брзина го пополнуваат рускиот државен буџет. Во исто време, додека и помага на Русија, ваквите високи цени на нафтата го поткопуваат глобалниот економски раст и стабилност, дополнително ја забрзуваат инфлацијата и на тој начин ја дестабилизираат светската економија.

Наскоро, сепак, може да се очекува нов удар врз цените. Имено, ЕУ и САД подготвуваат одлука за забрана на руските танкери да истоваруваат нафта во европските и американските пристаништа, додека Канада веќе го направи тоа. Исто така, на бродовите под трето знаме ќе им биде забрането да запираат или истоварат руска нафта. А тоа значи дека е само прашање на денови кога, како што веќе прогнозираа аналитичарите на американската банка Goldman & Sachs, барел нафта ќе достигне цена од 125 долари за барел.