Министерот за финансии на Саудиска Арабија, Мохамед ал Џадан, изјави дека енергетската транзиција, односно напуштањето на употребата на фосилни горива, ќе трае со децении, најверојатно 30 години.

Ал Џадан ја даде оваа оценка во говорот на големата инвестициска конференција во Саудиска Арабија „Форум за идни инвестиции“ (ФИИ), пренесува Ројтерс.